Tuesday, September 3, 2013

Скандал: Вилијам не е татко на кралското бебе?

На пат е неверојатен скандал кој се појави во кралскиот двор. Камила, маќеата на Вилијам, повторно го покажа својот познат катактер и ја нападна Кејт Мидлтон. Камила била сигурна дека принцот Вилијам не е вистинскиот татко на новороденото кралско бебе и инсистира таа да го докаже спротивното преку ДНК тест, Вилијам да ја принуди својата сопруга да направи тест за татковство, за да потврдат кој е вистинскиот татка.
На тој начин Камила сака да го оцрни угледот на исклучително популарната во Велика Британија, а и во светот, Кејт Мидлтон. Според гласините, Паркер-Боулс се одлучи на чекорот, бидејќи Мидлтон не и дава да го гледа бебето.
Кејт Мидлтон полудела од бес и била крајно навредена од грозомрното однесување на својата свекрва, гласат кралските озборувања.
"Камила направи скандалозното барање за ДНК тест. Таа се обидува да добие поени и популарност на гробот на Кетрин", открива близок до палатата. Кејт се нервира не затоа што криела слична тајна, туку бидејќи веќе на неколку пати таа ги полнеше жолтите весници на Островот,кои само чекаат слична гласина, за да го урнат нејзиниот престиж.
Уште пред појавата на Џорџ, Камила се обиде да и соли памет на Војвотката од Кембриџ, дека штом ќе му подари на Вилијам наследник, тој веднаш ќе си најде љубовница. Непознато е зошто Паркер-Боулс во никој случај не може  да се помири со фактот дека Вилијам и Кејт се вистински среќни, пренесуваат од Англија.
Се очекува наскоро во етерот на Си-Ен-Ен да биде емитуван документарниот филм "Принцот Вилијам: Нов татко, нова надеж", во кој војводата од Кембриџ ќе раскаже за својата нова улога на татко, за новороденчето и промените во животот.
Веќе се појавија два мали извадоци од филмот. Во еден од нив радосниот татко вели дека во моментов за него се единствено важни неговиот син, неговата сопруга, и неговото куче. Затоа сите обиди на Камила да ги скара сопружниците сигурно ќе претрпат убедлив неуспех.

No comments:

Post a Comment